BMW Motorrad Македонија

S 1000 XR

СЕКОЈА КРИВИНА И КИЛОМЕТАР – НОВИ ПРЕДИЗВИЦИ

Не правете отстапки, барајте се, од самиот себе, но и од вашата машина. Секогаш борете се за тркачката линија: секоја кривина неколку степени подлабоко, неколку милиметри потесно. Километар по километар. Со новиот S 1000 XR, имате мотоцикл кој исто така не прави компромиси. Совршено комбинира спортско чувство и перформанси за долги патувања. Неговата спортска агресивност доаѓа од RR. Неговата неверојатна ергономија со исправена, опуштена седечка позиција, ви овозможува да се борите за секоја крива и насока во текот на денот. Тркачката патека завршува кога вие ќе посакате. Онака како што треба да биде. Така го гледаме ние XR. А вие?

На тркачката линија – дури и по дизајн.

Предните пластики и светлосните единици дефинираат остри рабови. Во комбинација со впечатливи закривувања, тие ја обликуваат целата линија – агресивно и доследно на целта: не е случајно визуелно опашката да изгледа кратка и личи на спортски мотоцикл.

Истакнатиот преден дел, високата силуета и удобниот гидан укажуваат на незаситен глад за километри. Километри полни со забава а сите во позиција на седење наменети за долги патувања, дури и по неколку дена по ред – Исто така, благодарение на ревидираните оплати и аеродинамиката. Обезбедува уште подобра заштита од студот, звукот при возење и временски услови. Прилагодливиот ветробран значи, дека можете да го задржите погледот на патот, и таблата со инструменти, без вибрации на кацигата.

Кривата што ве прави зависник: вртежен момент.

Агрегатот на S 1000 XR се заснова на агрегатот со високи перфоманси на новиот RR оптимизиран за XR за бескомпромисни перформанси на долги релации, меѓу другото и специјален профил на брегасто вратило и специјално дизајнирани разводници кои даваат импресивен вртежен момент од средниот број на вртежи и максимален распон на брзината во својата класа. Долгиот пренос со поголеми брзини, овозможува непречено возење – што можете да го почувствувате и слушнете.

Уште подинамичен благодарение на намалената маса.

Динамичноста е прашање на маса. Дури и целосно опремено, S 1000 XR е 10 kg полесен од неговиот претходник. Во најлесната конфигурација, овој мотор е подготвен да вози со само 223 kg. Нема да ви недостасува ниту еден грам, но секако ќе го почувствувате намалувањето – на секој метар. Во форма на подобро забрзување, поголема агилност, пократки патчиња за застанување, и полесно маневрирање.

Со 1000 XR не прави компромиси. Комбинира спортско возење и перформанси за долги патувања. Со спортска агресивност, XR ви овозможува да ловите километри, од ден на ден. Дознајте повеќе за техничките податоци и стандардната опрема овде.

Агрегат
Tип Водено/воздушно ладење четиритактен цилиндричен линијски агрегат, со четири вентили по цилиндар, две брегасти вратила.
Дијаметар x цилиндар 80 mm x 49.7 mm
Кубикажа 999 cc
Максимана моќност 121 kW (165 ks) нa 11,000 rpm
Максимален вртежен момент 114 Nm нa 9,250 rpm
Сооднос на компресија 12.5 : 1
Контрола на мешавина / управување со агрегат Електронскo вбризгување
Контрола на емисија на издувни гасови Регулирано со троен катализатор
Изведба / потрошувачка на гориво
Максимална брзина преку 200 km/h
Потрошувачка на гориво на 100 km засновано по WMTC 6.2 l/100km
Емисија на CO2 врз основа на WMTC 144 g/km
Тип на гориво Премиум безоловен (max. 5% Ethanol, E5) / 98 RON / 93 AKI
Електричен систем
Алтернатор 493 W
Акумулатор 12 V / 9 Ah, без одржавање
Трансмисија
Квачило Повеќеструко квачило потопено во масло, пролизгаво, самостојно држење
Менувач Шестостепен
Погон Ланец, 17/45
Шасија / Сопирачки
Рам Алуминиумски композитен, делумно самоносечки-агрегат
Позиција на предното тркало

/ суспензија

Превртена телескопска вилушка, дијаметар 45 mm, електронско автоматско подесување на отскокнувањето / компресиско подесување (Dynamic ESA)
Позиција на задното тркало / суспензија Алуминиумска двострана осцилирачка вилушка,   централна пружина, електронско подесување на оптоварувањето, електронско самоподесиво  отскокнување/компресиско пригушување (Dynamic ESA)
Пренос суспензија предно / задно 150 mm / 150 mm
Меѓуосовинско растојание 1522 mm
Навалување на управувачот 116 mm
Агол на управување 65.1°
Тркала Алуминиумски тркала
Фелна, напред 3.50 x 17″
Фелна, позади 6.00 x 17″
Гума, напред 120/70 ZR 17
Гума, позади 190/55 ZR 17
Предна сопирачка Дупли дискови, дијаметар од 320 mm, лебдечки дискови, четири-клипна фиксна шепа за сопирачка
Задна сопирачка Еден диск, со дијаметар 265 mm, дво-клипна лебдечка шепа за сопирачка
ABS BMW Motorrad тркачки ABS, парцијално интегрален
Димензии / тежина
Должина 2333 mm
Ширина која не вклучува странични куфери (вклучително и странични куфери) 917 mm (967 mm)
Висина (без ретровизори) 1411 mm
Висина на седиштето 840 mm (790 mm со опциска ниска суспензија)
Закривеност за нога 1,880 mm (1,809 mm со опциска ниска суспензија)
Маса на празен мотоцикл, подготвена за пат, полн резервоар1) 226 kg
Дозволена вкупна маса 450 kg
Дозволена носивост (со стандардна опрема) 226 kg
Корисен волумен на резерварот 20 l
Резерва просечно 4 l

Техничките податоци во однос на тежината на празен мотоцикл (DIN)
1) Во согласност насоките VO (EU) 168/2013 со сите течности, со стандардната опрема и наполнетото гориво од минимум 90% од искористеноста на капацитетот на резерварот.

Стандардна опрема

Целосен LED фар

Про модови на возење (вклучително и HSC Pro (помош на угорница), MSR (контрола на кочење со моторот), ABS Pro (унапреден ABS систем и DTC (динамичка контрола на пролизгување))

Електронска суспензија

Интегрирани носачи на страничните куфери

Прегради за ситни работи

Прегради за ситни работи под седиште

 

Опционална опрема (OE)

Динамичка електронска суспензија

Shift Assist Pro (менување на степен на пренос без употреба на квачило)

Far Pro (препознатливи позициони светла и прилагодливи светла за кривини)

Систем на палење со безконтактен клуч

Контрола на притисок во гумите

Е-повик (каде има можност)

M ковани фелни

M акумулатор со намалена маса

LED сијалици за магла

Носач на задниот куфер

Карбонски пакет и и уште многу нешта

 

Дополнителни додатоци (OA)

Страничен куфер

Заден куфер

Меки торби

Ролл бар од карбон

ниска/висока/затемнета шофершајбна

М рачно изработени додатоци и уште многу нешта