BMW Motorrad Македонија

R nine T Urban G/S

Препознатлив. Моќен .Со воздушно ладење.

Уживајте во безбедно чувство на моќен агрегат со вертикална и опуштена положба во возење, со модерна технологија. Изберете безброј   опции за да ги прилагодите вашите единствена идеи. R nine T Urban G/S дава изјава: им оддава почит на раните денови на BMW Motorrad G/S успешни приказни. Само еден поглед и јасно е дека R nine T Urban G/S го опфаќа off-road духот на тој  период. Во исто време, карактеристиките на возењето го прават вистински член на денешното семејство R nine T. Го одразува начинот на живот од тоа време: Луѓето знаеја каде сакаат да одат, и точно знаеле како да стигнат таму.

Непогрешлив извор на инспирација.

R nine T Urban G/S има атрактивен дизајн. Карактеристиките и стилските елементи го прават моќен робустен мотоцикл кој му оддава почит на оригиналниот G/S дизајн: 19-инчи предно тркало, телескопска предна вилушка со карактеристични долни делови, маска за предните светла-фарови со ветробранско стакло и подигнат  капак на предното тркало го дефинираат предниот дел на мотоциклот. Профилот е изразиено дефиниран со хоризонтална линија. Белите елементи и тесното, малку подолго црвеното седиште го оживуваат духот на легендарниот R 80 G/S од 1980. Црниот агрегат и рамката го нагласуваат овој ефект. Новата класична тркалезен инструмент табла со инструменти исто така покажува дека Urban G/S е дел од семејството R nine T.

R nine T Urban G/S исто така се прилагодува на сите услови што се поставени пред него, од асфалтирани патеки до чакалски патишта. Изборни тесни гуми и пониски (спуштени) тркала, Ендуро потпирачи за нозе ,топлински штитови и челична ногарка на моторот го потенцираат посебниот ефект, и функционално и визуелно.

Технологија за чиста забава во возењето.

R nine T Urban G/S е верен на традицијата со својот изглед, но мотоциклот покажува и еднаква почит кон сегашноста со својата модерна технологија. Има проверен агрегат и електричен систем на BMW R nine T-a. Urban G/S воедно го задоволува сегашниот стандард за издувни гасови на EU-4. Моќно воздушно ладење, двоцилиндричен агрегат има капацитет од 1170 ccm i 81 kW (110 KS)  за многу голема испорака на излезна моќност, дури и при мали брзини. Сe за лесно и модерно искуство во возењето. Стандардниот ABS и изборниот ASC (автоматска контрола на стабилноста) ја обезбедуваат вашата безбедност кога сте во движење, на пат или надвор. И, има уште една визуелна карактеристика што ги влече своите корени од моделот Ендуро: подигнат издувен систем изработен од брусен нерѓосувачки челик.

Исправен и величествен.

Избалансираниот ергономски триаголник на Urban G/S ве одржува агилен и самоуверен на патот: малку повисокиот волан, долгата површина на седиштето и малку подлабоките и пошироките задни потпирачи за нозе донесуваат опуштено и безбедно искуство во возењето. Стандардната висина на седиштето е 850 мм. Благодарение на изборното задно седиште, R nine T Urban G/S нуди стабилност за возачите од скоро сите височини.

Друга посебна визуелна карактеристика е седиштето покриено со кожа. Непропустливо е со висок степен на изработка, фокусирано на автентична површина и боја. Значи, носењето облека, како темни фармерки, може да доведе до дамка на површината на седиштето. Овој ефект обично не може да се отстрани и не е дефект, туку позната работа под такви околности.

Прилагодлив според вашите желби, без ограничување.

Без разлика дали сакате off-road изглед или ретро атмосфера, R nine T Urban G/S го изразува вашиот животен стил повеќе од што било друго. Значи, кога станува збор за прилагодување, можностите се скоро бесконечни, што се покажа толку добро во безброј авантури низ историјата. R nine T Urban G/S може брзо да се претвори во едно сед благодарение на прилагодливата рамка на седиштето. Исто така постои и асортиман на оригинален асортиман BMW Motorrad додатна опрема. Опциите вклучуваат: заштита при судир(crash bar),  заштита на агрегатот или решетка на предните светла-фаровите. Мотоциклот исто така доаѓа со неколку дополнителни додатоци, вклучувајќи тркала, различни резервоари, ASC (автоматска контрола на стабилност), рачки на воланот со греење или LED индикатори. R9T Urban G/S е идеален и за инсталирање на специјално произведени додатоци како што се нашите нови машински делови. Накратко: Вашата индивидуалност е неограничена како задоволството во возењето.

Агрегат
Тип Четиритактен рамен двоен (‘Boxer’) агрегат со воздушно/маслено ладење, 4 радиално порамнување на вентил по цилиндар, 2 горно брегасти осовини, едно централно вратило
Дијаметар х цилиндар 101 mm x 73 mm
Зафатнина 1170 cc
Номинална моќност 81 kW (110 ks) na 7750 rpm
Максимален вртежен момент 116 Nm na 6000 rpm
Сооднос на компресија 12.0 : 1
Контрола на мешавина / управување со моторот Електронско директно вбризгување
Контролна емисија на издувни гасови Затворени јамки со 3 пропусни катализатори, стандард за емисија ЕУ-4
Перфоманси / потрошувачка на гориво
Максимална брзина преку 200 km/h
Просечна потрошувачка на 100 км 5,3 l
Вид на гориво Безоловен бензин со 95-98 октани
Електричен систем
Алтернатор трофазен алтернатор (720 W нормална моќност)
Акумулатор 12 V / 14 Ah, без одржување
Преносна моќност
Квачило Еднослојно квачило , хираулично
Менувач Шест брзински менувач со спирални запчаници
Погон Со помош на кардан (погонско вратило)
Шасија/ Сопирачки
Рам Рамка од три дела, составена од еден преден и два задни дела, самоносечки дел за агрегат-менувачот, можност за отстранување на помал дел од седиштето (за совозачот) во случај на управување само на едно лице (возач)
Позиција на предно тркало / суспензија Телескопска вилушка со фиксна цевка Ø 43 mm
Позиција на предно тркало / суспензија Лиена алуминиумска еднострана вилушка за слободно движење со BMW Motorrad Paralever; централен тунел со пружина, пружина хидраулички прилагодлива (континуирано променлива) со помош на кукаст клуч, пригушувач, подскокнувачки подесив пригушувач
Пренос на суспензија предна /задна 125 mm / 140 mm
Меѓуосовинско растојание 1.527 mm
Навалување на воланот 110.6 mm
Агол на управување 61,5°
Тркала Леани тркала (cast)
Рам, напред 3,00 x 19″
Рам, позади 4,50 x 17″
Гума, напред 120/70 R 19
Гума, позади 170/60 R 17
Предна сопирачка Сопирачка со двоен диск, дијаметар од 320 мм, 4-piston calipers
Задна сопирачка Сопирачка со еден диск, дијаметар од 265 mm, double-piston floating caliper
ABS BMW Motorrad ABS
Димензија / тежина
Должина 2.175 mm
Ширина (вклучувајќи ретровизори) 870 mm
Висина (без ретровизори) 1.330 mm
Висина на седиштата, без тежина 850 mm
Должина на просторот за нозе, без тежина на оптоварување 1.890 mm
Маса на празен мотор, подготвена за пат, полн резервар 1) 221 kg
Дозволена вкупна тежина 430 kg
Дозволена носивост (со стандардна опрема) 209 kg
Корисен волумен на резерварот 17 l
Резерва просечно 3,5 l

Техничките податоци се однесуваат на тежината на празен мотор (ДИН)
1) Во согласност со Директивата 93/93 / ЕЕЗ со сите течности и најмалку 90% полн резервар.

ПРОСТОР ЗА СКЛАДИРАЊЕ

Патна торба за резервар – кожна патна торба што се става на резерварот

Практична и елегантна патна торба во една – водоотпорна торба со резервар од платно, обезбедува 11L капацитет за складирање. Достапно во две варијанти на материјал и боја.

  • Водоотпорен главен оддел, приближно 11L
  • Надворешен џеб на врвот, водоотпорен,
  • Транспарентен џеб, високо водоотпорен,
  • Мал џеб со мрежа во внатрешниот капак
  • Оптимално седење благодарение на прецизно прилагоден поден панел
  • Практична рачка за носење на предната страна

Ремени со кои се прицврстуваат за резерварот без можност за пролизгување и со посебен исечок за капакот на резерварот (може да се нарача одделно).

Мека торба за поставување на заден дел / кожна мека торба

Подготвени за патување – водоотпорната мека торба за заден дел капацитет 40L овозможува многу простор за вашиот багаж. Достапно во две варијанти на материјал и боја.

  • Водоотпорен главен оддел, приближно 40L
  • 2 бочни џебови, водоотпорни
  • Оптимално седење благодарение на долните панели кои прецизно се прилагодуваат на додатоците на седиштата на сувозачот
  • Ремени за носење на рамо (прилагодливи, прилагодливи по должина, монтирани) и рачка за носење

Два ремени за прилагодување на големината на просторот за багаж, како и можност за додавање дополнителен багаж.

ЕРГОНОМИЈА И КОМФОР

Скрамблер седиште за едно лице

Класично седиште за едно лице – одличен изглед за сите оние кои уживаат да бидат сами.

  • Скратено седиште со соодветниот заден дел со завршница
  • Висококвалитетна квалитетна преслека на седиште изработена од вештачка кожа (како стандард)
  • Атрактивни ребрести делови
  • Висината на седиштата и должината на местото за седиштата се исти како стандардните седишта кај стандардните модели (820 mm / 1830 mm)
  • Пластични завршетоци на задниот дел,црн свиленкаст сјај, со натпис BMW
  • Само за едно лице на мотор
  • Должина на седиштето: 425 mm (стандард: 615 cm)
  • Боја: кафеава, патирана

Седиште на возачот по мерка

За уште поголема индивидуалност, сопственото возачко седиште сега е достапно со назначени ребрести делови и изглед на Алкантара.

  • Ексклузивен дизајн за оптичка надградба и персонализација
  • Атрактивен страничен поглед со континуирана дизајнерска линија од резервоарот до седиштето
  • Висококвалитетна преслека на седиштето со назначени ребрести делови, како и изглед на Alcantara
  • Црно со бело двојни декоративни рабови
  • Везен натпис nine T во златна боја
  • Висина на седиштето: 795 mm (стандард: 805 mm)
  • Должина на дел: 1775 mm (стандард: 1785 mm)

Дополнително лесно комфорно седиште за сувозачот

Удобното совозачко седиште оптимално одговара на изгледот на мотоциклот, но обезбедува поголема удобност при седење.

  • Комбинира зголемена удобност на совозачот со ексклузивен дизајн
  • Пошироко и помоќно од стандардното R nine T седиште за сoвозачот
  • Квалитетна преслека за седишта од вештачка кожа
  • Со безбедносен ремен
  • Атрактивни двојни декоративни рабови во бела боја
  • Извезено nine Т во златна боја, позади
  • Изглед и материјал прилагоден на возачкото седиште R nineT

ДИЗАЈН

Носач за стартниот број, бела боја

  • Овална заграда за почетен број изработен од обоен челичен лим (дебелина 1 мм)
  • Може да се постави надесно и лево под положбата на седиштето
  • Класичен елемент за дизајн за поставување на почетниот број (како оној на трките)

Потпирачи за колената

Овие гумени влошки во ергономски облик ги штитат обете страни на резервоарот од гребнатини. И нивниот стилски дизајн го нагласува наследството на R девет Т.

  • Гумени влошки во ергономски облик на десната и левата страна на резервоарот
  • Елегантен елемент на дизајнот го нагласува наследството
  • Спречува гребење на резервоарот

НАВИГАЦИЈА И КОМУНИКАЦИЈА

Носач за навигациони системи

Функционалната конзола одговара на изгледот на мотоциклот и овозможува на опремата за навигација и држач за паметни телефони / smartfon на BMW Motorrad.

  • Функционална конзола
  • Погоден за BMW Motorrad Navigator VI (и постар), Street Navigator и како држач за паметни телефони
  • Приклучокот е прицврстен  на блокот за стегање на управувачот
  • Совршено позиционирање во видното поле на возачот

Навигатор VI

Уживајте во најдобрите возења во вашиот живот.

Дозволете му на новиот Navigator VI да ве изведе некои од најдобрите возења во вашиот живот. Големиот 5-инчен екран,осетлив на допир ќе ви го покаже патот до неограничено задоволство во возењето. На екранот се прикажува кружен филтер за поларизација (CPOL) кој ги минимизира рефлексиите и го подобрува контрастот и гарантира оптимална читливост, дури и под директна сончева светлина. Искусете нови рути и дестинации користејќи ја опцијата за планирање на функциите „ Curvy Roads “,Avoid larger main roads функција и “Round trip“ функција за правци со информации за времето, далечината или средната дестинација. Како би ви помогнал да уживате во најдобрите погледи на патот, “Natural Guidance” ви даваат точен опис на околината. Поставете музика за вашето патување: со Bluetooth технологијата и новата функција “Streaming Music“, можете да слушате музика сочувана на вашиот паметен телефон. Бидете режисер и контролирајте ги “Action Cams”  директно од навигацијата. Опционалната апликација за “Smartphone Link”   ќе ви овозможи информации за сообраќајот и временските услови во реално време. И временската прогноза. “4-Button Mount” го олеснува практичното работење на сите релевантни функции за време на патувањето. Исто така, ќе добиете нови бесплатни ажурирања на претходно инсталираните мапи.

Уште нешто: со опционална инсталација на комплетот за автомобили, Navigator VI е исто така идеален придружник во вашиот автомобил.

Навигатор V

Уживајте во најдобрите возења во вашиот живот.

Navigator V со голем 5-инчен TFT дисплеј во боја е совршен електронски набљудувач за посветени мотоциклисти. Softver BaseCamp ви овозможува да ги испланирате омилените рути до најмалите детали. Изберете ја најбрзата или најкратката маршрута или одете во опцијата „ twisting roads “ ако сакате повозбудливо патување. Опција за апликација за смартфон за информации за сообраќај во реално време и временски прогнози, ве информира за тоа што треба да знаете, кога ви треба. Навигацијата ТТС со детални описи на вашата околина ќе ве информира за сè околу вас на избраната рута. Bluetooth технологијата и опционалниот систем за комуникација BMW Motorrad пренесуваат упатства за усмерување директно до вашата кацига, преку безжична врска, а исто така можете да ја користите функцијата handsfree за телефонски повици.

Информациите за мапата се претходно инсталирани и имате бесплатни ажурирања.

БЕЗБЕДНОСТ

Заштитници за раце

Пластични рачни заштитници – ги заштитува вашете раце од влијанијата на ветерот и другите временски услови, како и од грмушки, гранки и камења во ситуации кога возите надвор од патот.

  • Заштитете ги рацете од влијанијата на ветерот и другите временски услови, како и од грмушки, гранчиња и камења во теренски ситуации
  • Пластика отпорна на удари, отпорна на УВ
  • Боја: црна

Заштитна решетка за фаровите

Заштитната решетката за фаровите е идеален додаток за патувања надвор од градот. Употребата е дозволена само при возење надвор од градот (без оглед на видот на возилото).

  • Ефикасна заштитна решетка од челичен лим, обложен со KTL
  • Само за теренска употреба
  • Ги штити фаровите од летнати камења, за употреба надвор од градот
  • Боја: црна

Алуминиумски заштитни лимови за долниот дел на мотоциклот

Алуминиумските заштитни лимови, поставени на долната страна, обезбедуваат дополнителна заштита од оштетување што може да се случи на долниот дел од агрегатот.

  • Ефективна заштита изработена од алуминиум, дебел 2 мм
  • Ги штити долните делови на единицата од камења од патот и други влијанија
  • Особено применливо во услови на возење надвор од патот
  • Држач изработен од не рѓосувачки челик
  • Тежина: околу 1 кг

* Специјалната опрема или опциска дополнителни  додатоци наведени на оваа страница се само извадок од најновата палета на асортиман на BMW Motorrad. Целата специјална опрема, додатоци и пакувања може да се најдат во конфигураторот на BMW Motorrad.

КОНФИГУРАТОР НА МОТОЦИКЛОТ