BMW Motorrad Македонија

R nine T Scrambler

Сигурен. Нескротив. Воздушно ладен.

Почувствувајте го ветрот, наведнете се на секоја кривина и искусете слобода во секој метар на возење – BMW R nineT Scrambler ви овозможува да направите се она што сакате. Силно, единствено и кршење на сите правила, тој ве носи каде сакате. Направен е за карактерно силните мотоциклисти кои сонуваат за чист, минималистички мотоцикл кој ги крши сите правила.

Видете, слушнете, чувствувајте.

Карактеристичниот звук на R nineT Scrambler непогрешливо привлекува внимание. Класичниот боксер мотор од 1200 ccm и високо позициониран пригушувач му даваат на овој мотоцикл моќен погон, и се трудат неговиот глас да се слуша.
Во споредба со R nineT, рачките се поставени повисоко, а удобното седиште е преместено. Ова овозможува безбедна и опуштена седечка позиција за секој возач. Во комбинација со малку подолг од на опругата, полесно ќе ги преминете сите нерамнини на патот.

Без граници.

Гуми за теренско возење, високо позициониран систем за издувни гасови, исправена положба за седење – дури и на прв поглед ќе видите дека со типичниот дизајн на Scrambler, ниту едно патување не мора да завршува таму   каде завршува улицата. Предното тркало од 19 инчи, аналоген тахометар, чист челичен резервоар во Stereo metallic мат боја и други уникатни детали го прават овој модел класичен со врвен квалитет. И со само неколку чекори, вашиот R nineT Scrambler може да добие индивидуална нота.

Исто така е впечатливо кожено седиште кое е водоотпорно и извонредно направено со фокус на површината и дизајнот. Затоа облеката, како што се темно испраните панталони може да го извалка седиштето. Дисколорација и визуелните ефекти од овој вид, како што е патината, се добредојдени и не претставуваат оштетување.

Типичен Scrambler. Типичен BMW Motorrad. R nineT Scrambler е на највисокото ниво во однос на безбедноста, сигурноста и квалитетот. Стандардните ABS и ASC ја гарантираат вашата безбедност.

Возење без правила. Покажете го вашиот став со моделот R nineT Scrambler.

Агрегат
Тип Четиритактен  рамен (‘Boxer’) агрегат со ладење на воздух / масло, 4 радијално порамнување на вентили по цилиндар, 2 горни брегасти осовини, едно централно вратило
Пречник х цилиндер 101 mm x 73 mm
Кубикажа 1170 cc
Номинална моќ 81 kW (110 ks) на 7550 rpm
Максимален вртежен момент 116 Nm на 6000 rpm
Сооднос на компресија 12.0 : 1
Контрола на мешавина / управување со агрегат Електронско директно вбризгување
Контрола на емисија на издувни гасови Затворени јамки со 3 премини низ  катализаторот, емисија стандард EU-4
Перфоманси / потрошувачка на гориво
Максимална брзина преку 200 km/h
Просечна потрошувачка на 100 km со постојана брзина од 90 km/h 4.5 l
Просечна потрошувачка на 100 km со постојана брзина од 120 km/h 5.9 l
Вид на гориво Безоловен бензин со 95-98 октани
Електрични системи
Алтернатор трифазен алтернатор (720 W номинална моќност)
Акумулатор 12 V / 14 Ah, без одржување
Пренос на моќта
Квачило Еднослојно квачило, хидраулично
Менувач шестстепен менувач со спирални запчаници
Погон Со помош на кардан (погонско вратило)
Шасија / Сопирачки
Рам Рам од три дела, која се состои од еден преден и два задни дела, самоносечки дел за агрегат-менувачот, можност за отстранување на помал дел од седиштето (за сувозачите) во случај на возење на само едно лице (возач)
Позиција на предно тркало / суспензија Телескопска вилушка со фиксна цевка Ø 43 mm
Позиција на задно тркало / суспензија Леана алуминиумска еднострана вилушка со BMW Motorrad Paralever; централен тунел со пружина, хидраулички прилагодлива пружина (континуирано променлива) со помош на за кукаст клуч, пригушувач за подскокнување со подесување
Пренос суспензија преден / заден 125 mm / 140 mm
Меѓуосовинско растојание 1.522 mm
Наваленост на управувачот 116.1 mm
Агол за управување 61°
Тркала Лиени тркала
Рам, напред 3,00 x 19″
Рам, позади 4,50 x 17″
Гума, напред 120/70 R 19
Гума, позади 170/60 R 17
Предна сопирачка Сопирачка со двоен диск, дијаметар 320 mm, 4-клипна шепа
Задна сопирачка Сопирачка со еден диск, дијаметар 265 mm, дво-клипна шепа
ABS BMW Motorrad ABS
Димензија / тежина
Должина 2.175 mm
Ширина (вклучувајќи и ретровизори) 880 mm
Висина (без ретровизори) 1.330 mm
Висина на седиштето, без тежина од товар 820 mm
Должина на просторот за нозе, без тежина 1.830 mm
Маса на празен мотоцикл, подготвена за пат, полн резервар 1) 220 kg
Дозволена вкупна маса 430 kg
Дозволена носивост (со стандардна опрема) 210 kg
Корисен волумен на резерварот 17 l
Резерва просечно 3,5 l

Техничките податоци се однесуваат на тежината на празен мотоцикл (DIN)
1) Во согласност со Директивата 93/93 / ЕЕЗ со сите течности и најмалку 90% од полн резервар

КОНФИГУРАТОР НА МОТОЦИКЛИ