BMW Motorrad Македонија

K 1600 GTL

Кога луксузот ќе се ослободи од сите оптоварувања, тој преминува на ново ниво. На самиот врв на оваа еволуција е врвниот туринг мотор K 1600 GTL висока класа, како ниту еден друг пред него. Со најкомпактниот и најефикасниот 6-цилиндричен мотор, некогаш инсталиран во серијата за производство на моторцикли.

Ергономија K 1600 GTL е дизајниран за долги патувања и не остава ништо на возачите или совозачите да копнеат, кога е во прашање комфор. Дизајнот во просторот на седиштето на возачот и фактот што рачките достигнуваат далеку наназад, овозможуваат опуштена седечка положба со часови и стотици километри. Совозачот ужива во прилично пространо место за седење и удобен потпирач за грбот.

Адаптивни фарови (Додатна опрема) – револуција што одговара на визионерскиот преден дел  на K 1600 GTL и обезбедува високо ниво на активна заштита.

GTL го прави луксузот толку лесен. Бидејќи неговата уникатна шасија овозможува одлично ракување. Со целосно непосредно чувство при возење, благодарение на иновативната предна Duolever suspenzija. Во задниот дел, има Parallever кој ја прикажува моќноста на агрегатот на патот, опциска ESA II (Електронско подесување на суспензијата) кој со притиснување на копчето овозможува да GTL секогаш лизга потполно мазно, бидејќи системот им овозможува на амортизерите и суспензијата да се прилагодат согласно ситуацијата и приоритетите.

Секој детал е дизајниран за максимално задоволство при возењето. Мотоцикл за оние што бараат некаква супериорност.

K 1600 GTL. НЕЗАПИРАЧКО ПАТУВАЊЕ.

Агрегат
Тип Четиритактен редни шестцилиндричен мотор со ладење на моторот со масло и вода, две брегасти осовини, четири вентили по цилиндер
Дијаметар x цилиндар 72 mm x 67,5 mm
Кубикажа 1649 cc
Номинална моќност 118 kW (160 ks) na 7750 rpm
Максимален вртежен момент 175 Nm na 5250 rpm
Сооднос на компресија 12,2 : 1
Контрола на мешавина / управување со агрегат Електронско вбризгување
Контрола на емисија на издувни гасови Трострук каталитички конвертор со затворена јамка, стандард за емисија на EU-4
Изведба / потрошувачка на гориво
Максимална брзина преку 200 km/h
Потрошувачка на гориво на 100 km врз основа на WMTC 5.7 l
Видови  горива Безоловен супер, октански број 95 (RON)
Електричен систем
Алтернатор 700 W
Акумулатор 12 V / 19 Ah, без одржување
Пренос на моќност
Квачило Квачило со повеќе дискови и маслото
Менувач Хеликоидна куптија на шестбрзински менувач
Погон Полуосвовински погон
Шасија / Сопирачки
Рам Рамка во форма на мост, лиен алуминиумски мотор со лагери
Позиција на предно тркало / суспензија BMW Motorrad Duolever; централна греда за федер
Позиција на задно тркало / суспензија BMW Motorrad Paralever
Пренос на суспензијата преден / заден 115 mm /135 mm
Меѓуосовинско растојание 1618 mm
Наваленост на управувачот 106.4 mm
Агол на управување 62.2°
Тркала Лиени алуминиумски тркала
Рам, напред 3,50 x 17″
Рам, позади 6.00 x 17″
Гума, напред 120/70 ZR 17
Гума, позади 190/55 ZR 17
Предна сопирачка Сопирачка со два диска, со дијаметар 320 mm, со четириклипа фиксна шепа
Задна сопирачка Сопирачка со единечен диск, дијаметар од 320 mm, со дваклипа фиксна шепа
ABS BMW Motorrad Integral ABS (делумно интегриран)
Димензија / тежина
Должина 2.489mm
Ширина (вклучувајќи и ретровизори) 1.000 mm
Висина (без ретровизори) 1.465 mm
Висина на седиштето, без товар 750 mm
Должина на просторот за нозе, без тежина на товар 1.720 mm
Маса на празен мотоцикл, подготвена за патот, полн резервоар 1) 350 kg
Дозволена вкупна маса 560 kg
Дозволена носивост (со стандардна опрема) 210 kg
Корисен волумен на резерварот 26,5 l
Резерва 4,0 l
Опрема (во делови)
Стандардна опрема ABS Pro, (Dynamic Traction Control), ксенонски фар, Dynamic ESA (Electronic Suspension Adjustment), греење на седиштата, темпомат, мулти-контроллер, аудио систем, HSC Pro
Опционална опрема (ОЕ) Асистенција за рикверц, shift assistant Pro, прилагодлив фар со LED светло за дневно возење, аудио систем, Keyless Ride, централно заклучување, RDC (контрола на притисокот во пнеуматиците), дополнителни LED светилки
Опциски аксесоари (ОА) осветлување на сопирачката, LED помошен фар, разни седишта, осветлување на подот, BMW Motorrad Navigator

Техничките податоци се однесуваат на неоптеретена маса (DIN)
1)Во согласност со упатствата VO (EU) 168/2013 со сите течности, со стандардандната опрема и наполнет со гориво до најмалку 90% од искористениот капацитет.

КОНФИГУРАТОР НА МОТОЦИКЛИ