BMW Motorrad Македонија

HP4 Race

Суштинските својства се доведени до максимум.

HP4 RACE е повеќе од збирот на неговите делови. Овој мотоцикл е израз на чиста емоција. Од развојот па се до тркачката патека, овој тркачки мотоцикл е вистинска страст. Иновативно возило дизајнирано да ги поместува границите.

HP е првиот мотоцикл во светот што нуди рам и тркала изработени од чист карбон. Со моќност од 158 kW (215 KS), тежи само 146 килограми (сува тежина). Рачно изработен сон, реализиран за 750 ентузијасти.

Чистите перформанси умножени 750 пати

HP4 RACE е ремек-дело на инженерската вештина. Секоја од 750-те тркачки машини од ова ограничено издание, рачно ги изработива нашите специјалисти и ја опремива со налепница со реден број.

Концентрирана страст што ја произведуваме само за оние што ја споделуваат со нас. За оние кои не ги признаваат ограничувањата и секогаш се стремат понатаму. За оние кои ги надминуваат границите и чии потреби HP4 RACE не само што ги исполнува, туку тие поради него треба да ги редефинираат тие потреби. Многу малку се овакви. Поточно кажано: седумстотини и пеесет.

Нов репер за лесни конструкции.

Рам моделот HP4 RACE е изработена од бесконечно јаглеродно влакно и е целосна компонента од управувачката глава до задната вилушка. Споредено со стандардниот рам, поради тоа е полесен за четири килограми.
Што се однесува до карбонската технологија на BMW HP4 RACE, не е во прашање неговиот изглед, туку неговите карактеристики. Тие ги олеснуваат претходните пресметки и комбинацијата на функционално зависен вртежен момент и цврстина. Цврст како алуминиум, тврд како челик. Сите предности на карбон материјалот се целосно применети на тркалата. Тие остануваат особено флексибилни.

Совршенство до најситните детали.

Развиен за тркачка патека од почеток до крај, HP4 RACE има самоодржлив карбонски преден дел што практично ги проголтува предниот ветер со агресивна поделена површина со ram-air систем позади. Шофершајбната во форма на купола, им нуди на возачите оптимална заштита и ги задржува во линија на струење на воздухот. Совршената интеракција помеѓу бојата и карбонскиот материјал го прави HP4 RACE да изгледа апсолутно неодоливо додека стои неподвижен, набудувачот може да му се восхитува. Осамнува нова ера и што се однесува до бојата. Со моделот HP4 RACE, ви ги претставуваме новите HP тркачки бои Lightwhite uni / Racingblue metalik / Racingred uni.

Рачно изработени. Конфигуриран за максимални перформанси.

Рачно изработен во Берлин, моторот HP4 RACE е понатамошен развој на моторот од натпреварот со WM и World SBK. Произведува 158 kW (215 KS),а максималната ротациска брзина е зголемена на 14.500 вртежи во минута. Максималниот вртежен момент од 120 Nm е 10.000 вртежи во минута.
Прв сервис, вклучително и промена на маслото, се изведува кога моторот ќе се разработи и нашите специјалисти го снимаат на подиумот за тестирање. Моторот се проверува ендоскопски, и се подесува контролното време и вентилот. Ова значи дека HP4 RACE е подготвен да го постигне својот целосен потенцијал, на тркачката патека веднаш по испораката.

Најбрзиот начин за совладување на круговите зависи од подесувањето.

Тркачката цел на моделот HP4 RACE се одржува во секоја од неговите компоненти. Тука е 2D таблата со инструментите, во самодржечкиот карбонски преден дел, која ги содржи сите важни информации наменети за возачите и инженерите. Уредот 2D за снимање на податоци овозможува снимените податоци да се зачуваат и читаат. Динамичката контрола на влечење (DTC) се управува со прецезни тестери и нуди оптимална влечење во секоја тркачка ситуација. Испорака на моќта која зависи од степенот на преносот и од можноста на програмирање на кочницата на моторот и контролата за подигање на предното тркало, дополнителни се електронските функции кои, покрај ограничувачите za pit-стаза и контролите за тргнување, гарантираат тркачко возење без проблеми. Електрониката ја надополнува минимизиран сет на кабли и литиум-јонски батерии, вградени во опашката на самоодржечкиот карбонски рам. Опашката на карбонскиот рамк, дополнителен дел на оптималната ергономичност на моделот HP4 RACE, може да се подесува на три нивоа.

Индивидуален, од висина на седиштето до број на моделот.

Другите подесувања специфични за конкретниот возач можат да се применат на конусниот облик на рачките за управување и системот за потпирање на стопалата. HP RACE asistent за промена на степенот на пренос Pro со инверзија во насока на промена јасно реагира на секоја промена на брзината. Шестстепениот „close-ratio“ менувач има фаза на степен на пренос, подесени по  спецификациите за Светското првенство и може дополнително да се подеси со дополнители секундарни мењачи (кои се наоѓаат во обемот на испорака). На ниво на Светско првенство и со 158 kW (215 KS) на располагање, четирицилиндричниот четири тактен мотор кој се лади со масло и вода, е производ на нашиот тим специјалисти, тестиран на подиумот за тестирање и се испорачува со сертификат за тестирање. Секој индивидуален мотор ја постигнува бараната крива на моќност.

Добро осмислен за најголемите предизвици.

Свртена вилушка FGR 300 и амортизерот TTX 36 GP произведени од Öhlins се познати од Светскиот натпревар World Superbike. Brembo GP4 PR клешта за сопирање, која се користи за MotoGP, доведува до супериорни перформанси на сопирање во комбинација со 6,75 mm – дебели  тркачки челични дискови за сопирање 320-Т. Фелна од моделот HP4 RACE  од испреплетени јаглеродни влакна, заштедуваат 1.540 грама во споредба со ковани тркала и се забележително поагилни благодарение на намалената маса. Доследно лесната  конструкција се продолжува со Volltitan, системот за издувни гасови од Акраповиќ,и со рачно брусениот алуминиумски резервоар. Конечно, овие се сите детали што овозможуваат сува тежина од 146 килограми (171 kg / DIN празен). Титаниумските завртки инсталирани во големини 6, 8 и 10 не само што ја намалуваат тежината на моделот HP4 RACE, туку и количината на потребни алатки.

КОНФИГУРАТОР НА МОТОЦИКЛОТ