G 310 R
Интензивно задоволство во возењето.
BMW G 310 R ја претставува суштината на задоволството во возењето. Направен е за густи градски улици и за сите оние кои едноставно сакаат да возат мотоцикли. Тој е многу подвижен, а во исто време е лесен за управување и спортски. Без разлика дали сте висок или низок возач – ќе се чувствувате пријатно како дома на BMW G 310 R. Мотоциклот е лесен, а со тоа поседува многу моќен мотор од 313 кубика. Безбедно и сигурно, овој мотоцикл ќе ве однесе на работа, до некоја друга точка или надвор од градот.
Добри гени. Изгледа одлично.
Добар изглед нуди непогрешлив избор – G 310 R со гордост ги носи гените на S 1000 R. Спортските фарови го прават патот пред вас осветлен, динамичниот резервоар за гориво со украси и типични roadster пропорции прават секој што ќе го види да остане без здив. G 310 R е лесен, но исто така и силен во исто време, благодарение на неговиот динамичен преден и карактеристичен заден дел. Краткото седиште ја потенцира динамиката на roadster-от во задниот дел и го прави овој мотоцикл, особено во бела боја, да има непогрешлив спортски изглед. Златно елоксирана вилушка и диск за сопирање го нагласуваат високиот квалитет на изработка.
Уште една од карактеристиките е деталната алуминиумска подвижна вилушка. Префинетоста на изработката обезбедува леснотија, а пружините обезбедуваат стабилност. И широките гуми обезбедуваат правилно прилагодување на патот – задоволството во возењето е загарантирано.
Полесен, посилен и поподвижен.
G 310 R не го завзема второто место дури и кога станува збор за технички карактеристики. Напротив, со софистицирани и неконвенционални технички детали, нема да ги следите, туку ќе предводите. Четиритактниот агрегат со еден цилиндер и 313 кубика, меѓу другото, обезбедува одлично возење. Невообичаениот агол на цилиндерот кон задниот дел и главата на агрегатот која е ротирана за 180° го намалува центарот на гравитација и ја придвижува кон предната тркало и кон насоката на движење. Поради ова, G 310 R е уште поагилен и лесен за ракување. Долната и подолгата подвижна вилушка овозможува поголема стабилност, без непотребно зголемување на меѓуосовинското растојание. Ниту еден BMW мотоцикл не е без стандарден ABS систем од 2013 година. Ова важи и за G 310 R и со тоа ја зголемува безбедноста на повисоко ниво за време на секое возење. Убав изглед, моќен мотор и помалку од 160 kg кога резерварот е полн, со G 310 R лесно ќе уживате во возењето.
Сите посакуваат да го возат.
Возете по улиците без стрес и опуштено со G 310 R. Дури и во големите градови со сообраќаен метеж, секогаш можете да возите опуштено благодарение на добриот баланс на сите управувачки елементи. Одличната ергономија на управувачот, потпирачите за нозете и на управувачот обезбедуваат уникатно искуство во возењето. G 310 R нуди вистинско седиште за сите возачи, зголемувајќи ја вашата стабилност на мотоциклот. Без оглед која површина ќе ја одберете, геометријата, амортизерите и прилагодувањето на поскокнувањето го прават овој мотоцикл агилен крстосувач низ градските улици. Без разлика дали се возите низ градските гужви, брзате на работа или се возите надвор од градот за време на викендите – со G 310 R секогаш ќе посакувате да возите!
Агрегат | |
---|---|
Tип | Едно-цилиндричен четиритактен агрегат со ладење на вода, 4 вентили, 2 горни брегасти осовини и подмачкување на сувиот картер |
Дијаметар х цилиндар | 80 mm x 62,1 mm |
Кубикажа | 313 ccm |
Номинална моќност | 25 kW (34 KS) на 9500 вртежи/мин (ECE верзија) |
Максимален вртежен момент | 28 Nm на 7500 вртежи/мин |
Сооднос на компресија | 10,6 : 1 |
Контрола на мешавина / управување со агрегат | Електронско вбризгување, BMS-E2 |
Контрола на емисии на издувни гасови | Затворени јамки со 3 премини низ катализаторот, емисиски стандард EU-4 |
Перформанс / потрошувачката на гориво | |
Максимална брзина | 143 km/h |
Просечна потрошувачка на 100km | 3.33 l |
Вид на гориво | Супер безоловен со 95 октани |
Електричен систем | |
Алтернатор | Алтернатор 330 W |
Акумулатор | 12 V / 8 Ah, без одржување |
Пренос на моќност | |
Квачило | Повеќеслојно квачило подмачкување со масло, механичко |
Менувач | Синхронизиран шестостепен менувач интегриран во куќиштето на агрегатот. |
Погон | Непрекинат O-ring ланец со пригушувач за потрес на осовината на задното тркало |
Шасија / Сопирачки | |
Рам | Прицврстен челичен рам, самоносечки погонски единици, цевководен челичен заден дел од рамот. |
Позиција на предно тркало / суспензија | Вилушка наопаку Ø 41 mm |
Позиција на задно тркало / суспензија | Подвижна вилушка излиена од полн алуминиум, директно прицврстен monoshock (еден амортизер), пружина на подесување |
Пренос на суспензија предно / задно | 140 mm / 131 mm |
Меѓуосовинско растојание | 1374 mm |
Наваленост на управувачот | 102,3 mm |
Агол на управување | 64,9° |
Тркала | Алуминиумски тркала |
Рам, напред | 3.0 x 17″ |
Рам, позади | 4.0 x 17″ |
Гума, напред | 110/70 R 17 |
Гума, позади | 150/60 R 17 |
Предна сопирачка | Сопирачка со еден диск, дијаметар 300 mm, 4-клипна шепа |
Задна сопирачка | Сопирачка со еден диск, дијаметар 240 mm, единечна-клипна шепа |
ABS | BMW Motorrad ABS |
Димензии / тежина | |
Должина | 2.005 mm |
Ширина (вклучувајќи ги ретровизорите) | 820 (849) mm |
Висина (без ретровизори) | 1.080 mm |
Висина на седиштето, без оптоварување со тежина | 785 mm |
Должина на просторот за нозете, без оптоварување со тежина | 1760 mm |
Маса на празен мотоцикл, спремен за пат, полн резервар 1) | 158,5 kg |
Дозволена вкупна маса | 345 kg |
Дозволена носивост (со стандардна опрема) | 186,5 kg |
Употреблива зафатнина на резерварот | 11 l |
Резерва | во просек 1 l |
Техничките податоци се однесуваат на тежина на празен мотоцикл (DIN)
1)Во согласност со упатствата 93/93/EEC со сите течности и најмалку 90% од полниот резервар