Со години, клучните способности на познатите BMW Motorrad средна класа на моделот BMW F 750 GS, BMW F 850 GS и BMW F 850 GS Adventure беа повеќекратни и вклучуваат врвно уживање при возењето благодарение на сигурната контрола на сите видови површини. Овие модели имаат неверојатна моќност на моторот, како и исклучителни можности за секојдневно возење и туринг – дури и кога до вашата дестинација ве водат земјани патишта. Серијата F BMW открива три варијации овде, кои со нетрпение ги прифаќаат ентузијастите на мотоцикли и кои Motorrad дополнително ги усоврши за 2021 година. Сите три модели изгледаат посвежо и подинамично благодарение на новите палети на бои и овозможуваат уште поинтензивно искуство со GS доживување со проширена стандардна и нова опционална опрема.
Генералните промени во BMW F 750 GS, BMW F 850 GS и BMW F 850 GS Adventure вклучуваат нов дизајн на налепници и соодветни ознаки на страничните панели. Сите модели сега имаат нови ЛЕД-покажувачки на правецот како дел од стандардната опрема и УСБ-уред за полнење на предната десна страна од контролната табла. ABS Pro и DTC (Dynamic Traction Control) исто така станаа стандардна опрема, за уште подобро сопирање и поголема безбедност при забрзувањето.
Како и досега, моќен двоцилиндричен мотор со течно ладење и 4 вентили со волумен од 853 сс, со вбризгување на гориво и шестстепен менувач – во сите три модели, обезбедува брз погон. Однапред е проектиран за да ги исполни идните стандарди за емисија на Еуро 5 и, благодарение на две противтежани осовини, воодушевува со мазни, спонтани реакции и карактеристики, импресивна влечна сила и мала потрошувачка. Во моделот BMW F 750 GS, како и досега, тој генерира 57 kW (77 КС) при 7.500 вртежи во минута и развива максимален вртежен момент од 83 Nm при 6.000 вртежи во минута. BMW F 850 GS и BMW F 850 GS Adventure сепак и понатака генерира 70 kW (95 КС) при 8,250 вртежи во минута и 92 Nm при 6,250 вртежи во минута.
Новиот BMW F 750 GS: Во Light -бела боја, спортски стил или како “40 години GS издание“ (40 Years GS Edition) и со проширена стандардна опрема.
Новиот BMW F 750 GS сега се појавува со нова основа Light –бела боја со резервоар во боја на возилоото. Мат црни фелни, црни рачки и клупа седење во црвено / црна му даваат на возилото впечатлив контраст.
Спортскиот стил во Сан Марино металик сина боја е нов за BMW F 750 GS. Затемнетото ветробранско стакло му дава спортски изглед. Соодветно на тоа, Granit Grey metalik фелните, сребрените рачки како и црно-сивата клупа и седиштето од галванизиран штитник на хладњакот одаваат впечаток на висококвалитетен мотоцикл.
Спротивно на тоа, визуелно впечатливиот BMW F 750 GS „40 Years GS Edition“ со „40 Years GS“ логото на страничните панели е посветен исклучиво на одбележување на годишнината од „40 Years GS“. Неговите жолти заштитни рачки и клупата за седење во црно/жолто комбинација со GS логото јасно ја евоцираат иконата од 40-годишната историја на GS: BMW R 100 GS. Фелните обоени во мат црна боја, сребрени рачки и галванизираниот штитник на хладњакот го заокружуваат овој ексклузивен роденденски изглед.
Новиот BMW F 850 GS: Во боја Racing red, Rallye стил или како „40 Years GS Edition“ и со проширена стандардна опрема.
Новиот BMW F 850 GS има нова Racing црвена боја, во таа боја е и резервоарот. Таа создава контраст со црни вилушки со фиксни цевки, црни фелни и седиште во црно/сива боја.
Во Rallye стилот и Racing Blue металик боја, BMW F 850 GS заедно со заштитни рачки, црни фиксни цевкасти вилушки и црно-црвено клупа за седење го нагласува неговиот спортски карактер. Златните фелни и галванизираниот штитник на хладњакот го потенцираат чувството на луксуз кај овој модел.
Изданието „40 Years GS Edition“, моделот BMW F 850 GS го слави 40-от роденден на BMW GS во црна Storm металик боја со логото „40 Years GS“ на страничните панело. Има ексклузивни жолти заштитни рачки, златни фелни и клупа за седење во црно/жолто седиште со GS логото. Црни вилушки со фиксни цевки и заштитник на галванизираниот хладњак се дополнителни карактеристики на ова роденденско издание.
Стандардната опрема на BMW F 850 GS е дополнително унапредена со механизам за прилагодување на шофершајбната и TFT екран кој исто така содржи корисни функции за конекција
Новиот BMW F 850 GS Adventure: Во Ice Grey боја, Rallye стил или како „40 Years GS Edition “ и со проширена стандардна опрема.
Во новата основна Ice Grey боја,, новиот BMW F 850 GS Adventure ги исполнува аспирациите према авантурата, теренска компетенциа и turing способностите. Црни вилушки со фиксирана цевка, тркала и сиво-црно удобно седиште хармонично се стопуваат.
Новиот BMW F 850 GS Adventure во Rallye стилот и Kalamata металик мат боја ги нагласува спортскиот талент и чувството за авантура. Со златни фелни и вилушки со фиксни цевки, новиот BMW F 850 GS Adventure изгледа извонредно и динамично. Спортското ветробранско стакло и црно-сивото тапацирано Rallye седиште со висина од 890 mm го подобруваат спортскиот изглед на BMW F 850 GS Adventure.
Новиот BMW F 850 GS Adventure како „40 Years GS Edition“ е исто така посветен на специјалната годишнина на BMW GS. Логото „40 години GS“ и жолтите заштитни рачки се впечатливи карактеристики на роденденскиот GS во црна Storm металик боја. Црни вилушки со фиксна цевка, златни фелни и црно-жолта тапацирана клупа за двајца, со висина од 860 мм, ја комплетираат почестеноста што BMW F 850 Adventure ја оддава на 40-от роденден на семејството GS. Екранот TFT со практични функции на конвектност сега е исто така дел од стандардна опрема.
Новата и изменета опционална опрема, како и Оргинални BMW Motorrad Акцесоари на BMW Motorrad за BMW F 750 GS и BMW F 850 GS.
Новиот BMW F 750 GS, BMW F 850 GS и BMW F 850 GS Adventure содржи нови компоненти на опционална опрема за режим на Pro mod возење. Така, како и кај моделите GS со боксер мотори, подобрениот одговор на давање гас DYNAMIC режим на возење, сега обезбедува уште поголема динамика и задоволство при возење.
Динамична контрола на кочење на моторот и Dynamic Brake Control (DBC) сега се присутни во режимите Pro modovite на возење. Другите нови карактеристики на режимот Pro mod возење вклучуваат предизбор на четирите режими на возење кој се доделени на копчињата на воланот ,на десата рачка на воланот (иако само заедно со опционалната опрема за конектирање на моделот BMW F 750 GS).
Изразена ниска клупа за седење,како и модифицирана пониска суспензија, ќе бидат достапни како опционална опрема во иднина за сите три модели кои овозможуваат уште подобар пристап до земјата, кога мотоциклот стои.
Оригинални BMW Motorrad Акцесоари сега го носат држачот за BMW F 850 GS и BMW F 850 GS Adventure на кој може да се постави BMW Motorrad Navigator над стандардниот TFT екран, што е корисно кога возачот е во мирување вон патот. Овој држач претходно беше резервиран исклучиво за GS трофејни машини и возила. Фабричката опционална опрема „Подготовка на уред за навигација“ сеуште е достапна за монтирање на спојката на воланот како порано.
Имајки предвид дека потполно исклучување на ABS–от во иднина нема да биде дозволено според прописите за законската хомологација, модовите/режимите Enduro и Enduro Pro обезбедуваат соодветно прилагодени контроли за оваа намена. Функцијата ABS сè уште може да се исклучи на задното тркало во режимот на возење Enduro Pro (само моделите BMW F 850 GS и BMW F 850 GS Adventure).
Логото HP во иднина ќе биде изоставено во сите обеми на опционална опрема и оригинални BMW Motorrad Акцесоари.
Спортскиот придушувач за BMW F 750 GS ќе биде достапен само во оригиналните BMW Motorrad Акцесоари.
Comments are closed.