Може да се карактеризира како враќање кон суштината на марката (брендот), но со модерни елементи: BMW Motorrad concept R18 ја пренесува чистата суштина на класичните модели на BMW Моторрад во модерната ера. Со други зборови, тој користи класичен дизајн на мотоцикл и им дава модерен став.
Д-р Маркус Шрамм, извршен директор на BMW Моторрад, вака го опишува неговиот дизајн: “Со овој мотоцикл од соништата, BMW Моторрад ја претставува својата верзија на емоции и автентичноста во сегментите на големите крузери “. Мотоциклот има нов мотор „боксер“ агрегат со зафатнина од 1.800 ссм, а дизајнот на неговите два цилиндра наликува на мотоцикли што се произведуваа до крајот на 60-тите години на минатиот век.
“Со својата естетика, концептот R18 е вистинската суштина на мотоциклот. Станува збор за чувство, не размислување, не користење технологија за да се потенцира нешто, туку давање простор на имагинацијата. Овој концепт на мотоцикл е токму оној што сакате само да се качиш и возиш. Но, дури и кога ќе се симнете од овој мотоцикл, не оставајте го само во гаража и заборавете на него – секогаш сврете се наназад и погледнете го уште еднаш за разделба“- објасни шефот за дизајн на Моторрад, Едгар Хеинрих.
BMW Моторрад Концепт R18 веднаш е прпознатлив како вистински BMW
Мотоцикл:боксер мотор, карактеристична форма на рамот,кардан и црн резервоар во облик на солза со бели контрасни линии –типични се дизајн Моторрад класика.Совршено избалансираните пропорции се уште една карактеристика на BMW R5, и потсетување на безвременската убавина што доаѓа до израз секогаш кога поедноставуваме некои работи.
Comments are closed.