BMW C 400 GT – Gran Turismo меѓу скутери со средна големина за одлична удобност и динамични перформанси, како и за многу забава при возење.
BMW Motorrad воспостави нова категорија производи во областа на урбаната мобилност во 2011. година кога BMW C 600 Sport и C 650 GT дебитираа како врвни возила во сегментот макси-скутери. По нив следеше BMW C 400 X, кој за првпат беше претставен есента 2017 година – динамично возило во сегментот на скутери со средна големина. Сега BMW Motorrad го претставува BMW C 400 GT, Gran Turismo варијанта на скутер со средна големина, со цел дополнително зголемување на удобноста и туринг. Без разлика дали возите низ центарот на градот, патувајте до канцеларијата секој ден, уживајте во возењето после работа или за време на викендите – новиот C 400 GT е совршен партнер каде што целосно ќе уживате во возењето – сам, но и со сувозачот.
Моќен, ефикасно оптимизиран едноцилиндричен мотор во комбинација со CVT менувач и ASC.
C 400 GT се движи со ефикасно оптимизиран едноцилиндричен мотор со излезна моќност од 34 КС (25 kW), кој се користи и за C 400 X. Преносот на моќноста е преку CVT (Continuously Variable Transmission) менувач и торзивно крути вилушки со погонски склоп со иновативно лежиште на вилушка за минимум вибрации и за максимална удобност. Автоматската контрола на стабилноста на ASC обезбедува зголемена безбедност за време на забрзување, особено на лизгави површини.
Робусен рам од челична цевка, телескопска вилушка и систем за сопирање со високи перформанси со ABS–от во стандард.
Како и BMW C 400 X, и новиот C 400 GT има робустен рам од челична цевка. Телескопската вилушка напред и двете пружински ногарки позади се грижат за суспензијата и амортизацијата. Поставка и одот на опругата се избрани да обезбедат спортска, динамична забава за време на возење во комбинација со високо ниво на комфор. Врвните перфомански при сопирање и извонредната безбедност ја овозможува сопирачката со дво-страничниот диск напред заедно со сопирачката која има еден диск позади, со ABS како стандардна опрема.
LED технологија за осветлување како стандард и BMW Motorrad Connectivity како опција за вградување во фабрика.
Покрај стандардното осветлување со LED технологијата, новиот C 400 GT нуди и повеќе елементи од областа на поврзување кои се нови во овој сегмент. На пример мултифункционална иснтрументална табла TFT со екран во боја, од 6,5-инча е достапна како опција. Заедно со дополнително развиениот BMW Motorrad мулти-контролер, кој нуди интегрирана работа, ова значи дека возачот може брзо да пристапи до возилото и функциите на конективноста без одвлекување внимание од она што се случува на патот. Покрај удобната употреба на телефонот и слушањето музика додека патувате, има и придобивка од лесната навигација со употреба на практичен систем со стрелки.
Модерен, иновативен дизајн со одлична заштита од ветер и невреме, како и генијален концепт за складирање на багаж кој вклучува „флекс кутија“.
Што се однесува до стилизација, новиот C 400 GT може веднаш да се препознае како член на BMW Motorrad C семејството: тој е елегантен и функционален – секогаш подготвен за релаксирано урбано крстарење или подолго возење со сувозач. Кога се гледа од напред, на него доминира аеродинамичен двоен LED фар со впечатлив дизајн на LED дневни светла за возење во форма на елементи од оптички влакна. Заедно со елегантен дизајниран елемент на каросеријата со вградени трепкачи, ова гарантира дека новиот Gran Turizmo се издвојува од конкуренцијата за сегментот на скутери со средна големина. Со засилена заштита од ветер и временски услови како резултат на повисоко стакло од C 400 X како и внимателно осмислен концепт за складирање на багаж кој се состои од две касети и „флекс кутија“ под удобно едноделно седиште, новиот скутер од средна големина нуди и се што ви треба да ги исполни барањата и за секојдневна погодност и за практичност за туринг. Како дополнителен елемент на удобност, новиот BMW C400GT е опремен со Keyless Ride како стандард. Овозможува исклучително погодно палење, заклучување на бравите, седишта, капачето за резервоарот и преградите за багажникот. Новиот C 400 GT има подобрени одлики за удобност, во форма на седиште, со посебен потпирач за грбот за возачот и платформи наместо потпирачи за нозете на совозачот.
Атрактивни завршни бои за впечатливи квалитети на карактерот.
Боја Alpine White импресивно го нагласува посебниот стил на скутерот – свежа и лесна боја, која исто така ги нагласува новите клучни квалитети на Gran Turizm како што се агилноста, лесната пристапност и целосно отсуство на напор. Сосема спротивна на оваа боја е Moonwalk Grey, која го нагласува супериорниот, модерен и хармоничен карактер на динамичниот Gran Turizm. Оваа завршна боја му дава на новиот модел C 400 GT впечаток на модерност, во хармонија со контрастните бои за да се создаде кохерентен целокупен изглед. Третата заврша боја е Blackstorm метализирана, која што го нагласува впечатливиот, висококвалитетен изглед на C 400 GT.
Главните елементи на новиот модел на BMW C 400 GT:
- Ефикасно оптимизиран едноцилиндричен мотор со зафатнина 350 сс, со голем вртежен момент и CVT менувач.
- Многу компактен дизајн.
- 25 kW (34 ks) при 7.500 вртежи во минута и 35 Nm при 6.000 вртежи во минута.
- Електронско вбризгување на гориво, дигитална контрола на моторот и ASC.
- Суспензија со цврст рам од челични цевки.
- Тозиона крута вилушка со погонски склоп, со иновативен лежај на вилушката за минимални вибрации.
- Телескопска вилушка напред и две пружини амортизери назад со долг од на пружината.
- Моќен систем на кочење со ABS како стандард.
- Платформи наместо засебни потпирачи за нозете за совозачот.
- Седиште со посебен наслон за грбот на возачот.
- LED технологија за осветлување како стандардна опрема.
- LED дневно осветлување за возење како опција.
- Keyless Ride систем како стандардна опрема.
- Конективност: мултифункционална табла со инструменти со 6,5-инчи TFT-екран во боја и бројни елементи како опција за вградување во фабрика.
- Личен, динамичен дизајн.
- Појачана заштита од ветер и невреме и софистицирана ергономичност.
- Голем простор за багаж со два прегради и „флекс кутија“.
- Атрактивни варијанти на бои со различни карактери.
Comments are closed.