Концепт кој го промени светот на мотоциклите
Легендарниот концепт на мотоциклот годинава слави јубилеј – моделите на BMW GS навршуваат 40 години. Есента 1980 година, BMW Motorrad го претстави R 80 G/S, мотоцикл кој за прв пат комбинираше две високо специјализирани области за возење: по асфалтни и теренски патишта. Благодарение на неговата единствена комбинација на можности за теренски патишта turing i off road возење – без да се загрози секојдневната употребливост – R 80 G/S стана иден лидер во новата категорија мотоцикли, познат како turing enduro, создаден од BMW Моторрад. Со ова, моделите BMW GS станаа синоним за совршен партнер на две тркала во истражувањето на најоддалечените места на нашата планета. До денес, BMW Motorrad успеа да испорача повеќе од 1,2 милиони различни модели на BMW GS на клиентите.
Легендарните BMW GS таленти: Динамика на возење, контрола на теренот, удобност и робусност.
Но, не беа само авантурите со мотоциклите идеално ускладени со моделот на BMW GS од самиот почеток; R 80 G/S и неговите потомци брзо ги докажаа своите квалитети и на трките. Во 1981 година, Ибер Ориол победи на исто толку престижното и предизвикувачко рели Париз-Дакар.
Ова е само еден од многуте успеси во трките што BMW Motorrad можеше да ги прослави со GS. Исклучителните таленти на моделот боксер GS – динамика на возење, владеење со теренот, комфор и робусност – постојано се одржуваа и развиваа во BMW Motorrad во изминатите 40 години и беа успешно пренесени во другите серии на BMW Motorrad. Во 1993 година, Ф 650 „Funduro“ беше првиот BMW enduro со единечен цилиндар што се појави на пазарот. Додека тој мотоцикл ја влечеше својата динамичност на возење од малата тежина и потиснувањето на едноцилиндерскиот мотор со 47 KS, промената се случи истовремено кај моделите BMW GS со боксер моторoт.
GS како двигател на иновациите: Технологија четири вентили и Telelever
Со BMW R 1100 GS, BMW Motorrad не само што го претстави првиот GS со боксер моторот со 4 вентили и моќност од 80 KS, туку правеше нови патеки во однос на технологијата на суспензија за големите turing enduro модели.
За прв пат во еден enduro, моторот и менувачот имаат улога на носачи на шасија, така да главниот рам беше растеретен. Додека системот за суспензија на задните тркала на BMW Paralever веќе ја елиминираше погонската реакција на вратилото во моделите со двотретински боксери, од пред неколку години, инженерите на BMW сега создадоа иновативен начин за водење на предните тркала со примена на суспензијата Telelever.
Со компензација на наклон и високо чувствителна реакција, тие поставија нови стандарди во оваа област. Покрај тоа, новиот R 1100 GS беше првиот enduro опремен со ABS – што е безбедносен плус и сега е дел од стандардната опрема на сите мотоцикли на BMW.
GS модели на серија F: GS фасцинација за среден опсег.
Покрај низа нови и понатамошни развојни резултати, вклучувајќи го и
F 650 GS (првиот едноцилиндричен со електронско вбризгување на гориво, катализатор и ABS), произведен во Берлин од 2000 година наваму, моделите F 650 GS и F 800 GS лансирани во 2007 година беа се уште една извонредна пресвртница во историјата на BMW GS. Со нивниот моќен двоцилиндричен реден мотор со голем вртежен момент и торзивно цврстата тубуларна рамка, тие ја толкуваа темата BMW GS на свој, но сепак многу типичен начин на BMW. Со новите модели, BMW Motorrad не само што ги претстави наследниците на исклучително успешниот едноцилиндричен мотор F 650 GS, туку истовремено ја прошири понудата на enduro во среден опсег.
Напреден боксер DOHC со две горни брегасти осовини.
BMW Motorrad претстави уште еден бисер есента во 2009 година лансирајки го ревидираниот BMW R 1200 GS. Сега е опремен со уште понапреден DOHC боксер со два горни брегасти вратила по цилиндар, тој понуди 81 kW/110 КС и уште понапредна динамика на возење. Во јубилејната 2010 година, BMW Motorrad оддаде почит на триесетгодишнината од моделите GS и нивните успеси и во сериско производство на мотоцикли,како и во тркачкиот спорт со „30 години GS“ со специјални модели BMW R 1200 GS, R 1200 GS Adventure, F 800 GS и F 650 GS обоени со корпоративни бои на BMW Motorrad Motosport.
BMW Motorrad ја продолжи приказната за успехот на GS моделот во есента 2010. Со моделот BMW G 650 GS, BMW Motorrad додаде уште еден атрактивен член во семејството BMW GS. Благодарение на виткиот, жилав стас на теренецот, новиот едноцилиндричен enduro изгледаше смело, лесно и авантуристички. Истовремено очигледно се истакнува меѓу своите конкуренти со квалитет, опрема и удобност. Во комбинација со релативно мала тежина и намалена височина на седиштето, беше атрактивен воведен модел во светот на мотоциклизмот и фасцинантен свет на BMW GS искуства.
Moќта на GS-ot: Ново дизајниран боксер со вертикален проток.
Динамичниот развој на темата BMW GS продолжи непречено во четвртата деценија. Кога BMW Motorrad го претстави новиот R 1200 GS на Интермото во есента 2012 година, интересот беше особено насочен кон комплетно редизајнираниот мотор. Двоцилиндричен боксер со воздушно/течно ладење воведе глави на цилиндерот со вертикален проток; оттогаш тие имаа интегриран менувач и погонско вратило од левата страна, со додаток од најсовремена технологија на шасијата и електронски контролни системи, како што се ABS, контрола на влечење или полуактивна шасија.
Со излезна моќност од 92 kW/125 КS, новиот R 1200 GS исто така обезбеди супериорни перформанси во возењето. Помалку од една и пол година подоцна, во март 2014 година, 500.000-тиот мотоцикл BMW со боксер- мотор од серијата GS, слезе од монтажната лента во фабриката во Берлин – тоа беше R 1200 GS Adventure.
GS за волуменски сегмент под 500 cc: G 310 GS.
Во есента 2016 година, BMW Motorrad претстави уште еден модел на GS. Овој пат тоа беше G 310 GS. Ги пренесе клучните квалитети на сегментот BMW GS серијата со зафатнина на моторот под 500 сс во сопствен стил. Екстремно компактен, но сепак целосно пораснат и удобен, тој отвори нов свет на искуство во својот сегмент и стана единствен во воведниот сегмент, пред сè благодарение на неговата сестраност. Со новиот R 1200 GS, BMW Motorrad ја прошири понудата на GS моделите не само со дополнителна оптимизација на производот, туку и со проширување на палетата карактеристики на мотоциклот. За прв пат, купувачите можеа да му дадат на BMW GS позначајно влијание на enduro или истакнат стил што одговара на нивната омилена област на употреба, така што нарачуваа стилски пакет Rally или Exclusive.
Истата година, на сцената се појави сосема поинакva обработка на GS темата: R nineT Urban G / S. R nineT Urban G/S црпеше карактеристики од гените на првиот и легендарниот модел на BMW R 80 G/S од 1980 година, пренесувајќи ги во модерната ера со модерна технологија во форма на класичен enduro-стил на BMW мотоцикл со боксер мотор. Како и кај другите
R nineT моделите, инсталиран е моќен боксер мотор со воздушно/масло ладење, со излезна моќност од 81 kW (110 КС), во комбинација со шестстепен менувач.
Новиот мотор, нова шасија: нови GS модели -серија F.
Во 2017 година, BMW Motorrad продолжи да ја испишува историјата на GS со два комплетно редизајнирани ендуро модели F 750 GS и F 850 GS. BMW Motorrad конзистентно ги градеше следниве модели на типичните јаки страни на GS, следните модели сè до успешните 2-цилиндрични мотори F 650 GS, F 700 GS и F 800 GS на мотоцикли, со цел добрата работа додатно ја подобри.
Како и порано, GS кратенката уште еднаш претставуваше совршена синтеза за turing способности и долги растојанија во комбинација со тркачката динамика и супериорни теренски перформанси. Накратко: BMW GS е совршен придружник кога станува збор за откривање на зафрлени места на светот за мотоциклите.
Во срцето на новиот развој беше ново дизајнираниот, моќен двоцилиндричен редни мотор со две балансни осовини и опсег на палење од 270/450 степени за оптимални карактеристики на возењето и емотивен звук. Генерираше 57 kW (77 КС) за F 750 GS и 70 kW (95 КС) за F 850 GS од 853 cc, давајќи супериорна погонска моќ и на двата GS модели.
Ова значеше уште поголема моќност на вртежен момент и ефикасност за големиот GS со боксер мотор.
Есента 2018 година, BMW Motorrad уште еднаш воведе радикално подобрување на боксер мотор на големите GS модели како би ја додатно подобрил моќта и вртежниот момент и како би ја намалил потрошувачката на гориво и вредностите на емисиите. Со таа цел, технологијата BMW ShiftCam за прв пат се користеше во сериското производство на мотори на BMW Motorrad: тоа овозможи варијабилно променливо време на работата на вентилите и одот на вентилите при усисување. Покрај тоа, усисните вратила беа дизајнирани за асинхроно отворање на двата усисни вентили, што резултираше во зголемено мешање на свежата, влезна мешавина, а со тоа и поефикасно согорување. Другите технички промени во моторот беа поврзани со брегастата оска – тоа сега е решено со запчест ланец (порано тоа беше валчест ланец) – оптимално снабдување со масло, вентили за twin-jet вбризгување и нов издувен систем.
Comments are closed.