BMW Моторрад го претстави долгоочекуваниот мотоцикл кој BMW го воведува во сегментот „крузер“ и се поблиску до остварување на целта – да биде број 1 во премиум сегментот на мотоциклот.
Дизајнот и изгледот ја продолжуваат традицијата на BMW Моторрад и легендарниот BMW R5, модел што беше произведен пред повеќе од 80 години. Тој исто така го наследи класичниот тркалезен дизајн на таблата со инструменти со вграден дисплеј.
Самото негово име се однесува на волумен од 1802 cc. Тежок е 345 kg и испорачува максимални 91 KS при 4.750 вртежи во минута. Се карактеризира со таканаречениот „Big boxer“ агрегат, која има најголем капацитет на двоцилиндричен боксер агрегат некогаш користен во сериско производство. Има квачило и менувач со 6-брзини, а финалниот пренос е преку карданот.
Овој мотоцикл мајсторски го пренесува стилот на икона од минатото и задржува „чист“ дизајн инспириран од класиците. Има детали за легендарните боксер мотори од 1936 година, како што е двострука-цевкаста рамка, карактеристична форма на резервоар и видливо карданско вратило. Исто така го наследи традиционалното воздушно ладење.
И покрај минималистичкиот изглед, тој е опремен со најсовремена опрема и системи. Во стандард, има ASC систем за стабилност, „Hill start control“ за стартување по угорница, како и MSR систем што контролира кочење со моторот. Системот за сопирање се состои од двоструки дискови напред и едноструки дискови одзади, и двата со четири-клипни шепи за кочење.
Предните амортизери имаат дијаметар од 49 mm, со удар од 120 mm, додека ударот на задниот дел е 90 mm.
Она што го издвојува овој мотоцикл од другите во истиот сегмент се трите различни режими на возење “Rain”, “Roll” i “Rock”.
Позицијата на седење е вертикална и е условена со ногоступима- поставени на средина, зад цилиндрите, што е одлика на моделот на BMW.
Новиот модел ќе се нуди како First Edition, со голем број опции за индивидуализација.
Comments are closed.